Холмс инвестирал илјадници долари во крвавиот напад

Од:

Неколку илјади долари инвестирал масовниот убиец Џејмс Холмс во својот план за убиство на 12-те лица за време на премиерата на филмот за Бетмен во Колорадо.

Од домот на напаѓачот биле конфискувани две пушки, два пиштола и 6.000 куршуми, чија цена изнесувала над 5.000 долари. Заедно со конфискуваниот солзавец, заштитен елек, противгас и други слични материјали се добива сума од над 7.000 долари. На интернет се појавија дури и тврдења дека Холмс потрошил за својот арсенал 15.000 долари.

Ова го доведува во прашање финансисрањето на неговото злосторство. Холмс имал стипендија од 26.000, со која требал да плаќа кирија и да се храни. Се тврди дека студиите по неврологија му одземале многу време и тој не можел да работи дополнително.

Според некои извори, од домот на масовниот убиец биле одземени материјали со кои можел да произведе 30 бомби.

Би можело да ве интересира

Повторно престрелка во Аурора, три лица убиени

Емир Латифовиќ

Дали има и Џокер два?

Емир Латифовиќ

Ранета во стомакот во масакрот во Аурора успеала да го задржи бебето

Емир Латифовиќ

Убиецот на првото судење гледаше само во своите раце

Емир Латифовиќ

Ја заштитил со своето тело од куршумите на премиерата на Бетмен

Емир Латифовиќ