Мајкл Даглас за време на гостувањето на британската ITV во емисијата посветена на неделата против ракот, која ја водеше неговиот колега Семјуел Л. Џексон, признал дека правата дијагноза била рак на грлото.
Даглас објаснил дека ја криел правата вистина поради холивудските медиуми.
-Тоа беше пред промотивната турнеја за филмот „Волстрит“, така што не можев да кажам дека не ми е добро и да ја откажам турнејата. Морав да и соопштам на јавноста што се случува, а лекарот ме советуваше да кажам дека имам рак на грлото. Реков добро, но го прашав зошто? „Па ако навистина сакате да знаете, ако мораме да ве оперираме, може ќе ги изгубите и дел од вилицата и јазикот- ми рече лекарот, ете затоа се согласив да го направам тоа“- изјави Даглас.
Тој откри дека во еден момент се плашел дека ќе умре.