Овен Вилсон (44) и неговата лична тренерка, Каролин Линдквист (41) ќе станат родители во јануари.
Актерот со тренерката се зближил во 2007 година, по раскинувањето со актерката Кејт Хадсон, а иако со Каролин ги врзува долгогодишно пријателство, тие ја почнаа врската откако таа се разведе од сопругот.
– Овен планира да биде вклучен во одгледувањето на детето, но нема намера да се венча со Каролин, што неа тоа многу ја разочара, изјави изворот и додаде дека актерот е многу возбуден поради приновата.
Овен веќе има двегодишен син од Роберт, од врската со девојката Џејд Дуел. Двојката ја прекина врската пет месеци по раѓањето на момчето.