Крива Паланка го прослави денот на ослободувањето – 8 Октомври

Од:

Со низа свечености и културни настани денеска беа прославени 69 години од ослободувањето на Крива Паланка.

Чествувањето започна во 12 часот, со свечена седница на Советот на општина Крива Паланка. Времето – точно на пладне симболично го означи новиот градски часовник, поставен на административно-деловниот објект до општинската зграда, со што официјално беше ставен во функицја. Часовникот ќе означува точно време од 7 изутрина до 21 часот.

На свечената седница беа доделени годинашните осмооктомвриски признанија. Наградата „8 октомври“ постхумно им беше доделена на Живко Ц. Стојановски, претставник на Националниот совет на македонската заедница во Србија, кој издејствувал службена употреба на македонскиот јазик во Пландиште, Србија, каде живеел и творел и на Јован Христовски, Македонец кој живее во Упсала, Шведска, а помогнал за опремување на ТППЕ од Крива Паланка со 2 теренски возила.

По свечената седница беше положено цвеќе на споменикот на паднатите борци пред општинската зграда во Крива Паланка, а агендата настани продолжи со официјално пуштање во употреба на локалниот пат нас.Стамболици – нас.Деловодци во село Конопница и велосипедско-ролерската патека изградена на десниот брег на Крива Река.

Денот го надополнија настаните од културата: промоција на двете постхумно издадени книги од Живко Стојановски, „Кога животот ќе се собере во една приказна “ и романот „ Кучешки гризнувања“, како и изложбата на карикатури од меѓународниот конкурс на тема „Снаа-свекрва“.

Празничниот ден отпочна со приемот на најмладите од детската градинка „Детелинка“ кај градоначалникот на општината,кои му го шеститаа празникот и му подарија рачно изработена слика со симболот н аградинката-четирилистна детелина, а празнувањето ќе го заокружат кривопаланечките средношколци, со изведбата на комедијата „Ревизор“, во НУ Центар за култура, со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Кампања „Со почит“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ

Одбележан денот на ослободувањето на Крива Паланка

Емир Латифовиќ

Се гради пешачка патека во кејот на Крива Река

Емир Латифовиќ

Во Крива Паланка се одржа првата фестивалска вечер на „Гоце Фест 2016“

Емир Латифовиќ

Потпишан договор за фекална канализација во три населени места во Крива Паланка

Емир Латифовиќ

Нова наставна насока во гимназијата „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ