На пејачката Џенифер Лопез веројатно и недостасува самодоверба, бидејќи на аудицијата за филмот „The 33“ барала улогите да не им се даваат на глумици кои биле поубави од неа.
Без разлика на нејзините актерски способности, Џеј Ло не сакала да биде во втор план, па на аудицијата побарала да се отфрлат кандидатките кои биле поатрактивни.
Анонимен извор, кој присуствувал на аудицијата, тврди дека таа била многу незгодна.
– Беше невозможна. Бараше да не прифатиме глумици кои се убави и атрактивни, за на крајот самата да се откаже од филмот, изјави изворот.
Џенифер моментно е во врска со Каспер Смарт, кој е помлад од неа 18 години.