Популарниот актер Метју Меконахи за потребите на филмска улога ослабнал дури 17 килограми за само неколку месеци, а сега стравува дека со тоа на своето тело му причинил огромна штета, бидејќи не се чувствува добро.
Четириесет и три годишниот Меконахи симнувал килограм по килограм додека глумел маж заразен од ХИВ-вирус во филмот „Dallas Buyers Club“.
Откако ги вратил килограмите тој се уште не се чувствувал добро.
– Како да не се чувствува свој, изјавил извор близок до глумецот.
Тоа можело да се забележи и кога почнал да ја снима серијата „True detective“ и кога едвај попладне доаѓал уморен на снимањата. Побарал помош и од лекар и нутриционист, но никако не може целосно да закрепне.
Неговата сопруга Камила Алвес, исто така, е многу загрижена. Таа смета дека тој сега има проблем со срцето и белите дробови. Меконахи морал да и вети на Алвес дека никогаш повеќе нема да си го дозволи тоа поради работа.