Мадона, кралицата на поп музиката, за магазинот „Harper’s Bazaar“ даде шокантна исповед за своето минато. Таа откри дека била силувана на почетокот на кариерата по преселувањето од Мичиген во Њујорк.
– Првите години беше пекол, како постојано да бев на тапет. Бев силувана на покрив на зграда со нож во грбот, ме нападна непознат маж. Ми се закануваа со пиштол, а мојот стан беше ограбен три пати – откри Мадона.
Таа вели дека била професионална танчерка, позирала гола за ликовни уметници за да си ја плати киријата. Како што вели, тоа било пекол, начин за преживување.
– Кога дојдов во Њујорк, тоа беше прв пат да патувам со авион, прв пат да патувам со такси, прв пат за сè. А дојдов тука со 35 долари во мојот џеб. Тоа беше најхраброто нешто кое сум го направила – вели пејачката.