Остануваат во куќен притвор двајцата екс градоначалници на Кочани, Апелација ги отфрли жалбите

Од:

Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.

Со тоа останува решението за определување куќен притвор на Димитровски и Илијев, а Основниот суд Кочани ќе треба да одлучува повторно само за изречената мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на Димитровски.

Апелациониот суд во Штип, информира дека денеска на нејавна седница, постапувајќи по повод изјавените жалби од осомничениот Ратко Димитровски и од ОЈО Кочани против решението на Основен суд Кочани со кое мерката притвор на осомничениот Димитровски е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, донел одлука со која жалбите се отфрлаат како недозволени, а уважена е само жалбата на Димитровски на определената мерка на претпазливост.

– Решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.2 од истото СЕ УКИНУВА и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување, се вели во решението од Апелација Штип.

Во однос на изјавената жалба против решението на Основен суд Кочани со кое на осомничениот Николчо Илијев мерката притвор е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, Апелација Штип информира дека денеска на нејавна седница е донесено решение со кое се отфрла како недозволена.

– Жалбата изјавена од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основниот суд во Кочани Кс-34/25 од 24.03.2025 година,- СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА, стои во соопштението од Апелација Штип.

Донесените одлуки, информираат од Апелација Штип, со образложени причини за истите ќе бидат достапни за прелистување и на веб страната на судот во текот на наредниот ден.

Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 26 март годинава донесе одлука со која мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

16. Марш на ангелите во Кочани: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“?

Горан Наумовски

Продолжен е притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“

SupportKocani обезбеди донација на повредените во „Пулс“ за Клиниката за пластична хирургија

Катерина Ѓуровски

Комеморација и 62 балони во воздух за загинатите во пожарот во Кочани

А1он

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски