Притвор за рекетари од Прилеп, метата е сопственик на угостителски објект

Од:

На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден во 08.00 часот во ОВР Прилеп, 54 – годишен сопственик на угостителски објект во Прилеп пријавил дека со физички напад и закани, С.Р. и А.Т., двајцата од Прилеп, му изнудиле пари кои ги земал приведениот Р.Р., татко на С.Р..

Имено, на 20.03.2025, С.Р. и А.Т. дошле во неговиот угостителски објект, физички го нападнале и со закана барале од него месечно да им дава 400 евра за да му го обезбедуваат објектот. Најпрвин ги одбил, но после тоа, тие уште неколку пати доаѓале во објектот, му се заканувале и му барале пари, при што С.Р. му рекол дека парите ќе ги зема неговиот татко Р.Р..

На 24.03.2025 тој се договорил со Р.Р. дека ќе му ги даде парите на 26.03.2025, а откако ги зел парите, Р.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

После тоа, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претреси во домовите на тројцата, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Од страна на судија на претходна постапка на Р.Р. му била определена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во казнено – поправна установа за издржување на мерката. Исто така, мерка притвор од 30 дена во отсуство била одредена и на С.Р. и А.Т..

Би можело да ве интересира

Уапсен е 43 годишник од скопско Шишево – пукал кон соселанец

А1он

Уапсен е пијан велешанец – се однесувал непристојно во здравствена установа

А1он

Пијан тетовец (22) со гасен пиштол се обиде да изврши разбојништво – уапсен е

А1он

Уапсени се патник и возач на автобус – пронајдени непријавени 34.965 евра

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Скопјанец (49) во училиштен двор во Илинден натепа врсник на син му

А1он