САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

Од:

САД, Украина и Русија ги истакнаа контурите на договорот за решавање на украинската криза, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

– Многу добро соработував со претседателот Владимир Путин и со Володимир Зеленски и мислам дека веќе ги имаме контурите на договор. Се надевам дека е така – им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Истовремено, американскиот претседател изјави дека преговорите за поделба на териториите и целосен прекин на огнот „се водат токму сега“.

Според него, многу брзо може да се постигне целосен прекин на огнот во Украина.

Тој повтори дека украинскиот конфликт никогаш немаше да се случи ако тој беше претседател во 2022 година, но во тоа време САД немаа компетентен претседател.

Да потсетиме, во понеделник на 24 март ќе продолжат разговорите меѓу руската и американската делегација во Ријад.

Би можело да ве интересира

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

А1он

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ