Трамп: Трудо ми се јави, повикот заврши со малку пријателска нота

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Џастин Трудо од Канада ми се јави да ме праша што може да се направи со тарифите. Му реков дека многу луѓе умреа од фентанил кој дојде преку канадската и мексиканската граница и ништо не ме убеди дека тоа престана. Тој рече дека има подобрување, но јас реков: „Тоа не е доволно добро“. Повикот заврши „до некаде“ пријателски! Не можеше да ми каже кога беа изборите во Канада, што ме натера да ме интересира, како, што се случува овде? Тогаш сфатив дека тој се обидува да го искористи ова прашање за да остане на власт. Среќно Џастин“ – напиша Трамп.

За потсетување, од вчера стапија на сила долгонајавуваните царини од 25 отсто на Трамп против Канада и Мексико, заедно со новата царина од 10 отсто против Кина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Го прашав Путин `Дали ќе ja нападнеше Украина ако јас бев претседател?`, одговори `Не`

А1он

(ВИДЕО) Трамп пристигна во Кина, Си Џинпинг го пречека на аеродромот

А1он

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови на Иран за атентат врз Трамп

А1он

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он