Заврши 97-то доделување на Оскарите, најпрестижните филмски награди, што се одржа во театарот Долби во Холивуд.
Филмот „Анора“ доби Оскар за најдобар филм, a освои пет Оскари од шест номинации.
„Анора“ е во режија, сценарио и монтирана од Шон Бејкер. Филмот го следи бракот помеѓу Анора (Мики Медисон), млада сексуална работничка, и Вања Захаров (Марк Ајделштајн), син на руски олигарх.
Во категоријата за најдобар филм, номинирани беа: Бруталистот, Боб Дилан: Тотална драма, Конклава, Дина: Дел 2, Емилија Перез, Сè уште сум тука, Никел Бојс, Супстанција и Негативецот.
Квентин Тарантино му го додели Оскарот за најдобра режија на Шон Бејкер за филмот „Анора“.