Палестинските лекари денеска соопштија дека најмалку шест бебиња починаa во Појасот Газа од смрзнатини во последните две недели.
И покрај прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас постигнат минатиот месец по 15 месеци конфликт, стотици илјади луѓе сè уште живеат во населби со шатори или уништени згради каде што не можат да се заштитат од студот, а температурите значително се намалија во последните денови, наведува АП.
Како резултат на тоа, најмалку шест бебиња починале од смрзнување, додека други две биле примени во болница поради смрзнатини.