Трамп му честиташе на Мерц за изборната победа: Граѓаните се уморни од агендата без здрав разум

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска и честиташе на германската конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) за победата на изборите.

– Граѓаните на Германија, како и граѓаните на САД, се уморни од агендата без здрав разум што владееше долги години, особено на полето на енергетиката и имиграцијата – порача Трамп во објавата на неговата социјална мрежа.

Тој им честиташе на сите, посакувајќи им многу победи.

– Ова е голем ден за Германија, но и за САД, кои ги предводи господин Доналд Џеј Трамп – рече американскиот претседател.

Според првите излезни анкети објавени од германските медиуми, Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ) предводена од Фридрих Мерц е во водство со 29 отсто од освоените гласови на вонредните парламентарни избори во Германија, додека на второ место, според прогнозите, е десничарската Алтернатива за Германија со 19,5 отсто.

Социјалдемократската партија на поранешниот канцелар Олаф Шолц освои, според анкетите, 16 отсто од гласовите, што е нивен најлош резултат, пренесуваат германските медиуми.

Зелените освоија 13,5 отсто од гласовите, додека партијата Левица се најде на петтото место со 8,5 отсто.

Лидерот на ЦДУ/ЦСУ Фридрих Мерц прогласи победа на изборите, додека канцеларот во заминување Олаф Шолц рече дека не смее да се дозволи соработка со екстремната десница.

Би можело да ве интересира

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

А1он

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ