Спасот од Холивуд го најде во шума

Од:

Памела Андерсон се посвети на реновирање на куќата во која порасна, а фотографиите од нејзиниот нов дом ги преплавија социјалните мрежи.

Прославената актерка Памела Андерсон привлекува внимание со својот изглед, и пред неколку децении и денес.

Таа е и една од ретките дами која на секој настан се појавува без шминка, а посебно се труди овој тренд да преовладува на јавната сцена.

Покрај сето тоа, Памела Андерсон реши да си најде хоби, па ја украси куќата на баба и и дедо и, каде што ги поминала најубавите денови.

Таа ја претвори куќата во канадската провинција Британска Колумбија во вистински мал рај, а целиот имот се вика „Аркадија“.

Самата куќа се наоѓа во близина на езеро и се е во рурален стил, далеку од Холивуд и гламурот, поради што актерката доста се измори.

Сè е направено од дрво, вклучувајќи го и ентериерот, а единствената боја е бела за просторот визуелно да изгледа посветол и поголем.

Белата боја доминира и во кујната, каде Памела обожава да поминува време и често објавува фотографии од таму на Инстаграм.

И оградата и фасадата се во иста боја, а единствен контраст создаваат дрвјата и зеленилото што ја опкружуваат куќата.

Со оглед на тоа дека Памела е голем поборник за здрав живот, во нејзината градина секогаш има овошје и зеленчук, а актерката ужива со часови поминати во природа.

Би можело да ве интересира

Умре Шпанецот кој го одгледаa волци

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ

Принцот Хари го загуби спорот против „Дејли мејл“ – треба да плати 9,5 милиони фунти

Предраг Петровиќ

Два распродадени концерти за Кание Вест во Санкт Петербург, Кремљ се дистанцира од шпекулациите за Путин

Предраг Петровиќ

Мала земја, голем клуб: ракометната традиција на Македонија и патот до врвот на Европа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мадона со хеликоптери пристигна во манастирот на Метеори, барала духовни совети