Јапонија: Уапсена жена која стискала лепиња во продавница

Од:

Јапонка била уапсена откако стискала лепиња во продавница, а потоа решила да не ја купи и си заминала, јавува Би-би-си.

Полицијата во градот Фукуока потврди дека 40-годишна жена е уапсена поради нанесување штета. Станува збор за невработена личност, која тврдела дека „само ја проверувала мекоста на лепињата со лесно притискање со раката“.

Според извештаите, таа допирала пакување во која имало четири лепињи со црн сусам и со крем сирење. Иако амбалажата била недопрена, полицијата соопшти дека една лепиња била оштетена поради притисок од десниот палец, поради што не можело да се продаде целото пакување.

Сопственикот на продавницата тврди дека во минатото неколку пати ја видел жената како ги стиска лепчињата. Кога таа излегувала од продавницата забележал дека лепињата е оштетена и побарал од жената да плати за тоа. Цената на пакувањето е 1,20 долари.

Откако жената одбила да ги плати лепчињата, менаџерот ја задржал додека не дошла полицијата која ја уапсила.

Би можело да ве интересира

Актерката едвај извлече жива глава поради инфекцијата од имплант

Ѕвезда на OnlyFans заработи 37 милиони евра: Повеќе од двократната добитничка на Оскар Ема Стоун

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Мисицата по падот од сцената: „Таа е на интензивна нега“

Предраг Петровиќ

Судот ја отфрли тужбата за сексуален напад против Вин Дизел, поднесена од неговата поранешна асистентка

Предраг Петровиќ

Тројца браќа открија богатство на таванот, пронајдоа стрип вреден повеќе од девет милиони долари

Предраг Петровиќ

Болничар уби 10 пациенти од бизарна причина-да си ја намали работата