Ердоган: Потребен е нов светски поредок

Од:

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денеска повторно посочи дека е потребен нов светски поредок кој ќе ги земе предвид интересите на исламскиот свет, кој брои над две милијарди луѓе, пренесоа турските медиуми.

– Не може да има мир, спокојство и развој на човештвото таму каде што нема правда. Не може да има правда во систем во кој исламскиот свет, чие население надминува две милијарди луѓе, не е претставен, нагласи Ердоган во главниот град на Малезија, Куала Лумпур.

Шефот на турската држава во неколку наврати ја истакна потребата од реформирање на ОН, кои, според неговите зборови, не се во состојба да ги решат новите кризи во светот.

Потребен ни е нов светски поредок за да ги решиме проблемите на економијата, дипломатијата, трговијата, безбедноста, порача Ердоган.

Турскиот претседател уште еднаш го отфрли предлогот на САД за преселување на Палестинците од Газа.

Според него, Израел мора да ја плати штетата што ја нанел таму и да започне со реконструкција.

– Не сметаме дека предлогот за иселување на Палестинците од земјите во кои живеат илјадници години е нешто што треба да се сфати сериозно, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Формирањето на палестинска држава не може повеќе да се одложува

А1он

Ердоган ја прогласи средата за ден на жалост за жртвите од пожарот во хотелот во Карталкаја

А1он

Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор

А1он

Ердоган и Фон дер Лајен: Се согласуваме за потребата од зачувување на суверенитетот на Сирија

А1он

Телефонски разговор Ердоган – Путин: Турција прави се за да обезбеди мир во Сирија

А1он

Ердоган: Администрацијата на Трамп може да стави крај на војната во Украина преку дијалог и дипломатија

А1он