Lynk & Co 02 имаше европската промоција со возачко искуство во Словенија

Од:

Lynk & Co 02, првиот целосно електричен модел од Lynk & Co брендот и автомобил создаден од соработката меѓу Geely и Volvo, ја имаше својата европска промоција во Словенија. Преку возачко искуство низ пределите на Бледското Езеро, Бохињското Езеро и снежните врвови на Крањска Гора, ја демонстрираше одржливата мобилност и ја истакна посветеноста на Lynk & Co кон иновациите и храбрата визија за иднината на електричните возила во Европа.

Перформансите и уникатното доживување на Lynk & Co 02, беше следено од повеќе од 100 новинари од 12 земји во регионот.

Целосно електричниот Lynk & Co 02 означува нова ера, комбинирајќи впечатлив дизајн, напредна технологија и импресивен опсег од 445 км. Како прв електричен модел на брендот за европскиот пазар, 02 претставува клучна пресвртница во еволуцијата на Lynk & Co. Овој модел го отелотворува нивниот уникатен пристап – спој на технологија, одржливост и кориснички ориентиран дизајн за создавање нешто навистина посебно.

Lynk & Co 02 е дизајниран со визија да обезбеди возбудливо и напредно возачко искуство. Развиен во Гетеборг, Шведска, неговиот дизајн и карактеристики се обликувани врз основа на над 6 000 повратни информации од корисници, собрани преку иновативната Co:lab апликација на брендот. Овој колаборативен пристап резултира со динамичен електричен модел со пет врати кој комбинира врвна технологија, кориснички ориентиран дизајн и одржливи материјали.

Безбедноста е еден од основните столбови на Lynk & Co 02, опремен со 21 напредна функција за помош при возење, вклучувајќи Front Cross Traffic Alert, Evasive Maneuver Assist и Intelligent Cruise Control.

Заедно со опсегот од 445 км, овие иновации гарантираат непречено и сигурно возачко искуство.

Официјален застапник на Lynk&Co за Северна Македонија e Делфино Мобилити Груп и оттаму најавуваат дека Lynk&Co 02 ќе биде достапен во Македонија од март оваа година.

Би можело да ве интересира

Во три скопски општини ќе се воведе систем за споделување електрични возила како дел од јавниот превоз

Кина е нервозна поради европските царини за увоз на кинески електрични возила

„Фајненшл тајмс“: ЕК воведува царина за кинеските електрични возила

Германски производител на оружје доби чудна нарачка вредна 250 милиони евра