Во Скопје започна протестот под мотото „Кој е следен“ – граѓаните бараат безбедност и правда

Од:

Во Скопје денеска на булевар „Партизански Одреди“ кај Универзална сала започна протест под мотото „Кој е следен?”.

Протестот е реакција на случајот со Фросина Кулакова и инцидентите со неконтролирано возење и неказнување, кои резултираат со трагични последици.

„Безбедноста е право, не луксуз“, „Ако корумпиран систем живее, народот умира“, „Денес правда за Фросина, утре за сите нас“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Her future stolen, his privilege exposed“, „Партизанска не е Формула 1“, „Улиците не се тркачки патеки“ се дел од транспарентите, кои ги носат учесниците на протестот.

На протестот се присутни и членови на семејството на Фросина Кулакова.

Како што соопштија организаторите, протестот што ќе продолжи кон Собранието на РСМ, Јавното обвинителство, а ќе заврши пред Основен кривичен суд Скопје, има за цел да адресира три главни проблеми: Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволна безбедност во градовите и глорификација на девијантно однесување.

Организаторите повикуваат на итни мерки за подобрување на координацијата меѓу институциите, обезбедување на безбедни услови за живот во градовите и зголемување на јавната свест за последиците од неказнивоста и девијантното однесување.

Фросина Кулакова од Неготино на 29 јануари годинава беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.

Дваесет и двегодишната девојка беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Граѓаните во Скопје одржаа мирен собир и во петокот, кога запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие маршираа до Собранието на РСМ и Кривичниот суд и побараа одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди.

Мирен собир се одржа и во Неготино, родниот град на Фросина, како и во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

„Греота девојчето, леле што направив“ – одбраната на Васил прикажа видео од моментите веднаш по прегазувањето на Фросина

Катерина Ѓуровски

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова, нејзиното семејство бара најстрога казна

Почнува судењето на Васил Јованов за сообраќајката во која живтото го загуби Фросина

Катерина Ѓуровски

Судењето на Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина почнува в петок

Кривичен го одобри обвинението против Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје

„Кој е следен?”: Правда за жртвите во досегашните трагедии кои се случени како последица на нефункционалноста на системот