Член на американскиот тим за уметничко лизгање сподели фотографија од внатрешноста на авионот на Американ ерлајнс непосредно пред да се урне во Вашингтон по сударот со воен хеликоптер.
Спенсер Лејн (26) ја објави фотографијата околу 19 часот по средноевропско време во средата, на која се чини дека авионот се движи по пистата на аеродромот Вичита во Канзас пред да полета на последниот лет, пишува Дејли Мејл.
BREAKING: 🚨Some of the victims of this tragic crash who were aboard American Airlines 5342 being identified as World Champion Figure Skating pair, Evgenia Shishkova & Vadim Naumov, Spencer Lane, Everly Livingston, Franco Aparicio.#planecrash #AmericanAirlines pic.twitter.com/cbgxZN2mMF
— Factseeker (@thtnonbb1) January 30, 2025
Во описот тој ги напиша ICT -> DCA – шифрите за аеродромот Двајт Д. Ајзенхауер во Вичита и националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон.
Во авионот биле и други членови на елитниот американски тим во уметничко лизгање, кои се подготвувале за следните Зимски олимписки игри.
Тие се враќаа дома во областа Вашингтон откако присуствуваа на Националниот камп за развој на младински скејтери во Вичита, Канзас.
Се верува дека во авионот биле и руските уметнички лизгачи Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, кои биле ментори на Лејн.
Нивниот син Максим (23), кој е член на американската екипа во уметничко лизгање, бил во кампот во Вичита, но не е јасно дали и тој бил на кобниот лет.