Пицула: Падот на српската Влада е резултат на внатрешен притисок, а не од странство

Од:

Падот на српската Влада е резултат на притисокот на домашната јавност предводена од студентите врз претседателот Александар Вучиќ, а не на притисок од странство, изјави за Хина европратеникот Тонино Пицула, постојан известувач на Европскиот парламент за Србија.

„Падот на српската влада е последица на зголемениот притисок врз режимот на Александар Вучиќ од спонтано мобилизираната домашна јавност предводена од студенти, а не „невидливата рака“ на сили од странство како што ги претставува премиерот. Напротив, некои од највлијателните политичари од земјите-членки на ЕУ, исто како и претседателот на Комисијата, му дадоа отворена поддршка на српскиот претседател“, рече Пицула.

„Останува да се види дали оваа поддршка за автократијата ќе остане непроменета и по евидентниот колапс на сегашниот модел на владеење со Србија. Мора да се одговори и на прашањето дали масовните протести имаат доволен трансформациски капацитет за подлабоки промени во државата. Тоа секако зависи од понатамошните потези на спротивставените страни“, оцени социјалдемократот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Пицула: Со блокадата на преговорите за членство се праќа лоша порака до сите земји од Западен Балкан