Српскиот премиер Милош Вучевиќ вечерва ги покани сите ректори, декани и професори, а пред се студентите да дојдат во Владата за да разговараат за сите теми.
„Владата е подготвена да разговара со сите оние кои студентите ги овластуваат да бидат пред нив. Нема победници, победник мора да биде само државата Србија и никој друг“, рече Вучевиќ.
Посочува дека во Владата чекаат претставници од студентите и од факултетите.
Ана Брнабиќ најави седница со предлог-закон за евтини станбени кредити за млади, како и ограничување на каматните стапки и други важни работи.