„Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет

Од:

Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 31 јануари со почеток во 20.00 ч. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа.

На нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Марија Наумовска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет.
„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени.

Би можело да ве интересира

Балетската претстава „Дон Кихот“ на 20 и 24 декември на големата сцена на НOБ

А1он

„Жените на Пучини“ на 19 ноември во Националната опера и балет во рамките на „Месец на Пучини“

Двојна изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди вечер и на 2 ноември

Операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Национална опера и балет

Гала балетски концерт со најубавите балетски дела на 26 јуни

Kомеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците