Двајца Палестинци се убиени, а седуммина, меѓу кои и едно дете, се повредени денеска од израелски оган во Појасот Газа и покрај договорот за прекин на огнот во енклавата, соопштија медицински извори.
Еден млад Палестинец е убиен, а двајца други се повредени западно од бегалскиот камп Нусајрат во централниот дел на Појасот Газа, изјави медицински извор.
Израелските сили, исто така, застрелаа и убија млад човек во центарот на Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, додаде тој.
Силите на израелската армија отворија оган и врз група раселени цивили кои чекаа да им се дозволи да се вратат во северниот дел на Газа, при што беа ранети пет лица, меѓу кои и едно дете, изјави друг медицински извор.
Според сведоците, стотици раселени цивили ја поминаа ноќта на отворено, на студ, додека чекале израелска дозвола да се вратат во нивните области во северниот дел на Појасот Газа.
Очевидци рекоа дека израелските воени возила стационирани долж коридорот Нецарим, кој ги дели северниот и југот на Појасот Газа, отворија оган врз група раселени лица додека чекале војската да се повлече и да им дозволи да се вратат на север од енклавата под договорот за прекин на огнот.
Израелските власти одбија да дозволат враќање на палестинските жители во северниот дел на Газа додека не биде ослободен израелскиот затвореник Арбел Јехуд.
Хамас потврди дека заложникот ќе биде ослободен во следната размена.
Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, со што беше запрена израелската геноцидна војна во која загинаа повеќе од 47.000 Палестинци, главно жени и деца, а беа ранети повеќе од 111.000 од 7 октомври 2023 година.
Седум израелски затвореници, вклучително и четири војници, досега се ослободени во замена за 290 палестински затвореници откако стапи на сила договорот.