Најефикасниот играч во македонската ракометна репрезентација Марко Митев на денешниот натпревар со Австрија, верува во победа на следниот натпревар со Катар.
– Добив поштеда се одморив малку. Имав мала повреда на левото рамо. Освоивме бод, но верувам дека со Катар можеме да победиме. Треба да се подготвиме добро. И на овој натпревар имавме поддршка од нашите навивачи, Иако тие беа во помал број во однос на претходните натпревари, сепак ни беа ветер во грб и не понесоа до овој бод – рече Митев.
Митев постигна шест гола во нерешените 29:29 со Австрија во 1. коло од Групата – 2 на ракометниот Мундијал 2025.
Средбата со Катар е в четврток исто така во Вараждин со почеток во 15:30 часот.