Македонската ракометна репрезентација во Вараждин со реми го започна настапот во втората фаза на СП 2025.
Со голот на Филип Кузмановски од 15 метри во последната секунда Македонија во пресметката со Австрија стигна до 29-29.
Македонските ракометари ја имаа иницијативата и водството во првите 20 минути.
Сепак, со серија 5-1 на противникот направија пресврт и го презедоа водството.
Австријците инсистираа на игра без голман.
Последните десетина минути двете селекции се менуваа во водството.
На 4 секунди до крајот Австријците поведоа со 29-28, а Кузмановски со звукот на сирената го постави конечниот резултат.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски средбата ја заврши со пет погодоци, а Марко Митев беше најпрецизен со шест погодоци. Кузмановски застана на четири гола.
Лукаш Хутечек запиша шест погодоци кај Австрија.