Тројца уапсени во Калифорнија за подметнување шумски пожари

Од:

Полицијата во Калифорнија уапсила вкупно три лица поради подметнување на пожарот.

Две лица се уапсени во Лос Анџелес. Во еден случај, жител на Лос Анџелес изгаснал пожар на дрво и го фатил осомничениот, кој признал дека го подметнал пожарот бидејќи „му се допаѓа мирисот на запалените лисја“, пишува ABC News.

Вториот осомничен признал дека го подметнал пожарот за да предизвика „хаос и уништување“.

Во градот Сан Бернардино, полицијата уапсила маж кој подметнал мал пожар кој изгорел околу 34 хектари, но нема повредени или материјална штета, јавува CBS News.

Иако пожарите во Јужна Калифорнија се уште не се целосно под контрола, властите најавија дека условите за нивно гаснење почнале да се подобруваат, но дека се уште постои голема опасност.

Би можело да ве интересира

Најмалку 27 лица загинаа во пожарите во Лос Анџелес

Штетата во Лос Анџелес е многу поголема од уништените домови

Меланија Трамп: Пожарите во Калифорнија се разорни, мислам на луѓето, се молам за нив

(ВИДЕО) Се појави огнено торнадо во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес

153.000 луѓе евакуирани од округот Лос Анџелес

Под делумна контрола е пожарот кој ги зафати окрузите Лос Анџелес и Вентура