Американскиот град Лос Анџелес, покрај човечките жртви, ќе претрпи и големи економски загуби поради катастрофалните пожари што ја зафатија областа, а проценките за штетата се сериозни – до 275 милијарди долари.
Пожарите кои продолжуваат да го зафаќаат Лос Анџелес би можеле да станат едни од најскапите во САД, но тешко е да се предвидат вкупните трошоци во овој момент бидејќи оваа ситуација е без преседан, истакнува Њујорк Тајмс.
„Овие пожари повеќе потсетуваат на поплава или ураган што погоди голем крајбрежен град како Хјустон или Њу Орлеанс, предизвикувајќи големи нарушувања за милиони луѓе и бизниси“, пишува Њујорк Тајмс.