Пленковиќ: Нема да одиме на инаугурација

Од:

Денеска се одржа седница на Претседателството и Националниот одбор на ХДЗ, по што премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ даде изјава за медиумите.

„Ги анализиравме резултатите од кои не сме задоволни, ја забележавме волјата на гласачите“, започна Пленковиќ.

Тој најави дека ХДЗ сега ќе се подготвува за локални избори и дека фокусот е на тоа.

„Продолжуваме да работиме. Не разговаравме за одговорност, туку за резултати. Мислам дека му дадовме силна поддршка на Приморац“, додаде Пленковиќ.

На прашањето каква порака е ова до гласачите, Пленковиќ вели дека пред осум месеци на ХДЗ и е доверено по трет пат да ја води владата.

„Тогаш не слушнав дали тоа е порака до неуставниот кандидат за премиер. Нему не му се поставуваат истите прашања. Тој потоа исчезна. Тоа се разликите. Ова е пораката на гласачите на претседателските избори, ние ја почитуваме волјата на гласачите и си ја вршиме работата“ рече хрватскиот премиер.

Тој се осврна и на изјавата на Милановиќ за рака на соработка.

„Што се однесува до тие ПР гестови, тоа се ПР гестови, не се сериозни пораки за соработка. Се сетив синоќа, се јавив кога првпат беше избран за претседател. Јас лично му честитав. Не ни честиташе кога ХДЗ победи на изборите. Ваквите пораки од човек кој го има овој модел на однесување, тогаш таквата порака не можеме да ја сфатиме како искрена. Нема да одиме на инаугурација“, рече Пленковиќ.

Тој потсети дека Милановиќ не честитал ниту 2016, 2020, а ниту 2024 година.

„Ниту ние нема да честитаме, а поради кршење на Уставот нема да се изложуваме да ја слушаме заклетвата“, рече Пленковиќ, додавајќи дека ниту тој, ниту претседателот на Собранието ќе оди на инаугурација.

„Ние ги забележуваме резултатите, ја почитуваме волјата на граѓаните, соработуваме во рамките на Уставот, но лицемерието да се слуша како Милановиќ дава заклетва откако го прекрши Уставот не доаѓа предвид“, рече Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: ХДЗ не е задоволна од резултатот од првиот круг на изборите

А1он

Владата на Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

Пленковиќ го разреши хрватскиот министер за здравство Вили Берош

А1он

Мицкоски – Пленковиќ: Толку отстапки се направени од Македонија што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори за членство во Европската унија

Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ