Вучевиќ: Страдањата на српскиот народ на Косово сега добиваат нова димензија

Од:

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска оцени дека неволјите и страдањата на српскиот народ на Косово не завршуваат, туку сега добиваат само нова димензија, имајќи предвид дека изборите се одржуваат на 9 февруари.

Наведувајќи дека ситуацијата само се усложнува, Вучевиќ рече дека „јасно е дека Српската листа е најголемиот политички проблем за премиерот на Косово, Албин Курти“.

– Курти нема проблеми со другите српски партии кои учествуваат на изборите, велам таканаречени затоа што се на касата на истиот Курти и тој го држи далечинскиот управувач за тие квазисрпски или божем српски партии и лидери. Сите што водеа кампања против Српската листа згрешија, но Српската листа беше идентификувана од Приштина како главен и клучен проблем, дури и речиси прогласена за терористичка организација, рече Вучевиќ на РТС.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Собирот не е забранет, насилството е забрането

А1он

Вучевиќ: Ќе има историски покачувања на платите во основните и средните училишта

Вучевиќ: Нема крај на теророт на Курти врз Србите на Косово

А1он

Вучевиќ: Се подготвува голема кампања против корупцијата, нема да има заштитени

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Вучевиќ: Верувам дека интересот е да се споиме преку брза пруга помеѓу нашите две држави, Скопје-Белград ќе бидат многу поблиску, но и Атина и Будимпешта и Виена