Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме, порача премиерот

Од:

Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да го сториме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој оцени дека 2024-та ќе ја завршиме со 3,5 отсто инфлација, а годинава, како што напомена, треба да биде добра на економски план.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски, во однос на цените на производите, потсети и дека во земјава не беше поскапена струјата како во некои од државите на еврозоната каде поскапувањето достигна 15 до 20 отсто, што, нагласи, влијае врз цените на крајните производи.

– Полека, но сигурно во втората половина на декември се стабилизираа цените на основните производи кои дел од трговците вештачки ги поткренаа што претставуваше голем шок и удар за граѓаните. Преку Инспекторатот внимателно ја следиме состојбата и ќе интервенираме ако е потреебно, а можеме да интевренираме веднаш со ограничување на цените, но сакаме да не го употребиме тој инструмент. За разлика од еврозноата, каде поскапувањето на струјата беше 15 – 20 отсто во некои држави, ние не ја зголемивме цената на електричната енергија која е значаен инпут и влијае врз цената на чинење на готовиот производ, истакна Мицкоски по посетата на општина Штип.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан

А1он

Мицкоски неосновано апси Албанци како параван за неуспесите на владата, обвинува ДУИ

Катерина Ѓуровски

Мицкоски телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник

Баџанакот на Мицкоски со бугарска фирма е и донатор на ДПМНЕ, тврди Левица

Мицкоски вели дека е згрозен од пресудата за усмртувањето на Теодора: Ова не е правда

Катерина Ѓуровски

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич