(ВИДЕО) Петрушевски: Само на Венко Филипче и СДС не им пречело однесувањето на Груби во владата

Од:

Само на Венко Филипче и СДС не им пречело однесувањето на Груби во владата, криминалот и корупцијата, дури и Бујар Османи се откажа од него. Ако Бујар Османи знаел за Груби и му сметало неговото однесување, зарем некој верува дека за тоа не знаеле Заев и Филипче? ДУИ бараат начин како побрзо народот да го заборави дека воопшто Артан Груби бил нивен кадар, само СДС смислува нови начини како да го брани, вели пратеникот Бране Петрушевски.

„Зошто СДС го брани Груби? Зошто смислува разни приказни? Едноставно е. Груби беше алатка која ги држеше да не паднат уште пред 2 години. СДС, Заев кој му ја предаде партијата на Ковачевски и Венко Филипче кој го наследи, го темелеа целиот свој систем на владеење на ДУИ и Груби. За да останат ден повеќе на власт му дадоа на Груби одврзани раце да краде. Откако првин дозволија да направи криминал, потоа и му се придружија. Врвот на СДС беше соизвршител на Груби. СДС сега фрла пердуви, знаат дека Груби води до нив. Бегството на Груби му одговара само на СДС, зошто така ќе излезат на површина сите криминали кои ги правеле. Џабе им се сите изговори. Колку и да се препелкаат СДС во калта во која живи тонат, не може да се спасат од одговорност“, тврди Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал