Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, без коментар за случајот со корупција во Државната лотарија, нагласувајќи дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе.
– Во оваа фаза немаме никаков коментар. Да дозволиме на самото судство и јавното обвинителство во земјата да продолжат со истрагата.
Мислам дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе, изјави Рокас, одговарајќи на новинарски прашања.
Aмбасадорката на САД – Анџела Агелер, денеска исто така, немаше коментар по почнатите истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на т.н црна листа како осомничени за корупција.
– Не можам. Јас не сум дел од ниту еден од внатрешните истражни процеси во оваа земја – рече денеска Агелер на прашањето дали може да ја коментира истрагата што започна по ставањето на двајцата функционери на „црната листа“ на Стејт департментот.