Рокас: Во тек се многу дипломатски активности за евроинтегративниот процес на Северна Македонија

Од:

Процесот на проширување е врвен приоритет на Европската Унија. Правиме напори да заврши процесот на реформи во Северна Македонија и што побргу да се постигне целта, земјата да стане членка на ЕУ, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Михалис Рокас, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета на Тетово.

Тој посочи дека во моментот во тек се повеќе дипломатски активности во врска со ова прашање, потенцирајќи дека новото раководство на ЕУ прави многу напори за Северна Македонија да стане дел од европското семејство.

– Во моментот во тек се многу дипломатски активности во врска со ова прашање. Премиерот на Северна Македонија беше во посета на Брисел каде што се сретна со новото раководство на ЕУ, а следната недела, на 18 декември, ќе има уште една можност да го посети Брисел, во рамките на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Јас мислам дека од страна на новото раководство на ЕУ е јасно кажано дека процесот на проширување е врвен приоритет, вклучително и со Северна Македонија. И Делегацијата на ЕУ прави огромни напори да заврши процесот на реформи за Северна Македонија и таа да стане членка на ЕУ. Каква било друга дополнителна поддршка или дипломатски активности се повеќе од добредојдени, рече Рокас.

Би можело да ве интересира

Рокас без коментар за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе

А1он

Костадиновски – Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд

Рокас: Не се само Груби и Беџети, секаде треба да се испитува корупцијата

А1он

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски

Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

А1он

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Рокас: Независноста на Народната банка е значајна за кредибилитетот на политиките коишто ги води