Во 9 часот утринава започна продажбата на билетите за концертот на легендарните Guns n Roses кој ќе се одржи на 18 јули 2025 година на Ушќе во Белград, а за само еден час се продадени повеќе од 10.000 билети, потврдија за Танјуг од Скај мјузик – организаторот на концертот.
Најголем број билети се продадени во Србија, но невиден интерес е забележан во земјите од регионот, вклучувајќи ги Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Македонија и Романија, а се очекува продажбата да продолжи со големо темпо во наредните денови.
Организаторот апелира вљубениците во музиката на оваа култна група навреме да си го обезбедат местото на овој настан.