Во понеделникот наутро, полицијата го уапси 26-годишниот Луиџи Манџионе, кој е поврзан со убиството на извршниот директор на United Healthcare, Брајан Томпсон.
Томпсон беше убиен на 4 декември во Њујорк.
Претходно денеска беше објавено дека полицијата во Алтуна, Пенсилванија, привела на испрашување маж за кој веруваат дека знае нешто за убиството на Томпсон. Човекот бил приведен поради нешто што не е поврзано со тоа убиство, но истрагата очигледно отишла во друга насока. Тој беше фатен на 450 километри од местото каде што беше убиен Томпсон.
Текстови во кои се критикува индустријата за здравствено осигурување биле пронајдени кај маж кој бил испрашуван во врска со убиството на Томпсон, пишува АП, повикувајќи се на полициски извори.
Џесика Тиш од NYPD потврди дека уапсениот се вика Луиџи Манџионе.
Пронајден е документ со неговото име, како и лажна лична карта, рече таа.
„Најдовме и огнено оружје и пригушувач. Тој имаше „пиштол дух“, веројатно направен на 3Д печатач, кој може да испука куршум од 9 милиметри“, додаде Тиш.
Џо Кени, друг полициски функционер, откри детали за уапсената Манџионе:
„Тој е роден во Мериленд, а неговата последна адреса е на Хаваи. Никогаш не бил уапсен во Њујорк“.