Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен утре нема да присуствува на церемонијата на отворање на париската катедрала Нотр Дам, објави денеска нејзиниот кабинет, поради тензиите со Франција околу трговскиот договор со јужноамериканските земји.
ЕК објави дека посетата „не е официјално потврдена и дека претседателот не патува за Париз“, иако вчера беше најавено дека Фон дер Лајен ќе оди на церемонија во Париз, сега портпаролите тврдат дека „тоа е грешка на внатрешната комуникација“.
ЕК не одговара на новинарските прашања дали причината за неизлегувањето е потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и трговскиот блок Меркосур, на кој остро се противи Франција.
Во Франција се шпекулира дека Фон дер Лајен ја искористила политичката криза во Франција за да го склучи договорот.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја предупреди Фон дер Лајен дека договорот „во оваа форма“ не е прифатлив за неговата земја.
Околу 50 шефови на држави или влади од целиот свет ќе се соберат на свеченото отворање на обновената црква Нотр Дам по катастрофалниот пожар пред пет години. Новоизбраниот претседател Доналд Трамп беше меѓу првите што одговори на повикот.