Во болница почина млад градежник од Кумановско, работел на зграда во Гевгелија

Од:

МВР информира дека денеска во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека при извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија, Б.Б.(21) од село Орашац, Кумановско, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Со три промили алкохол во крвта ги малтретираше сопругата и ќерката – го уапсија

А1он

Почина 19 годишна девојка од светиниколско – со возилото излета од патот

А1он

Мотоциклист загина на патот Крива Паланка – Куманово

А1он

Повреден е малолетник, падна од мопед – не застана на полициски знак

А1он

По кавга со сопругот, 23 годишна жена ја нападна свекрвата и со нож гаѓаше кон свекорот

А1он

Уапсен е 25 годишен радовишанец – ја нападна сестра си

А1он