Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ останува на функцијата бидејќи на седницата за негова смена гласаа 25 советници, а против беа 45.
По гласањето, советничката на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Маја Мрнуштик, побарала увид во изборниот материјал бидејќи владејачката коалиција нема 48 советници, но инспекцијата не и била дозволена.
Гласањето не се одвиваше електронски, туку тајно, на гласачките ливчиња кои беа вметнати во кутијата.
За време на гласањето дојде до судир на советниците од опозицијата и власта, по што претседателката на Собранието на Нови Сад, Дина Вучиниќ, изјави дека советникот од движењето Браво, Миран Погачар го нападнал градоначалникот, додека советниците од опозицијата тврдеа дека тоа е лага.
После тоа гласањето продолжило, но повторно дошло до тепачка кога членот на Движењето Браво – Петар Холик, залепил налепница со крвава тупаница на гласачката кутија, поради што накратко бил истуркан од салата.
Во моментов ситуацијата по гласањето е мирна, полицијата е присутна во салата и пред градското собрание, надвор има граѓани, но помалку отколку на почетокот на седницата.
Советниците се уште не ја напуштиле салата.