Шон Пен првпат на официјален настан со 30-тина години помладата девојка

Од:

Шон Пен се појави на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, каде што доби признание за неговата успешна кариера. 64-годишниот актер позираше на црвениот тепих со манекенката и актерка Валерија Ницов и со тоа потврдија дека се во врска.

Имено, иако папараците на почетокот на септември ги снимиле како се бакнуваат на улица во Мадрид, а подоцна ги снимале и на аеродром, актерот и неговата 30-тина години помлада девојка се уште не потврдиле дека се пар.

Младата актерка доаѓа од молдавската престолнина Кишињев и се занимава со манекенство. Не се знае точно колку има години има, но се проценува дека новата девојка на Пен е колку неговите деца, ќерката Дилан Френсис (33) и синот Хопер Џек (31).

Познато е дека актерката зборува седум јазици и моментно живее во Франција, а глуми во хитот на „Нетфликс“ – „Емили во Париз“.

Актерот зад себе има три пропаднати брака.

Тој беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 година, а потоа во 1996 година се ожени со Робин Рајт од која се раздели во 2010 година и со која има две деца.

Тој по една година брак се разведе и од 32 години помладата од него, австралиската актерка Лејла Џорџ.

После тоа, тој беше виден во врска со украинската актерка Олга Короткова, 19 години помлада од него, а потоа и австралиската актерка Натали Кели, 24 години помлада од него.

Би можело да ве интересира

На Шон Пен и Бен Стилер им е забранет влез во Русија