Британскиот премиер: Путин, прекини ја војната, бегај од Украина

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека „неодговорната руска реторика нема да го одврати да ја поддржи Украина“ откако рускиот претседател Владимир Путин го намали прагот за прибегнување кон нуклеарен напад.

„Неодговорна реторика доаѓа од Русија и тоа нема да не одврати да ја поддржиме Украина“, изјави тој за новинарите на самитот на Г-20 во Бразил.

Новата нуклеарна доктрина на Путин го намалува прагот на кој Русија би можела да користи атомско оружје како одговор на нападите кои го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет.

Потегот на Путин дојде откако Украина ги искористи американските ракети АТАКМС за напад на руска територија во вторникот, користејќи дозвола од администрацијата на Бајден во заминување, која Украина конечно ја доби на 1.000-тиот ден од војната.

Зборувајќи за пресвртната точка во конфликтот, Стармер рече дека Путин „сам го авторизира својот егзил“ со тоа што трета година по ред не присуствуваше на самитот на лидерите на Г20.

„Повторно му велам на Путин: прекинете ја војната, бегајте од Украина“, рече Стармер, пренесува Хина.

Би можело да ве интересира

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Британскиот премиер Стармер дозволи испраќање специјални сили во Украина

А1он

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Кир Стармер: Можеме да бидеме пријатели и со Трамп и со ЕУ

Горан Наумовски

Стармер направи гаф повикувајќи на прекин на огнот на Блискиот Исток

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Маск објави снимка: Ова Британија е или Советскиот сојуз ?

Катерина Ѓуровски