Во Олимпија, Грција денеска, во 11 часот, на традиционален начин беше запален олимпискиот пламен, симболот на Олимписките игри, 132 дена пред почетокот на ЗОИ во Сочи.
Церемонијата ја организираше Грчкиот олимписки комитет, а пламенот го започнува својот пат долг повеќе од 65 илјади километри.
Пламенот ќе помине низ сите 83 регии на Русија се додека не стигне до Олимпискиот стадион во Сочи, на седми февруари 2014-та година.