Мартин ја освои титулата светски шампион во Мото ГП шампионатот

Од:

Шпанскиот мотоциклист на Прамак Дукати, Хорхе Мартин денеска ја освои титулата светски шампион во Мото ГП шампионатот, бидејќи на последната трка сезонава во Барселона го освои третото место.

Мартин (26) ја освои првата титула во „кралската класа“ со вкупно 508 бодови, додека заостануваше 10 бода зад двократниот последователен светски шампион Франческо Бањаја од Дукати на второто место во генералниот поредок.

Бањаја беше таа што победи на трката во Барселона, но ниту триумфот не беше доволен за одбрана на титулата светски шампион во мотоциклизам. Второто место на денешната трка го освои Марк Маркез од Гресини Рејсинг, што беше доволно за шесткратниот светски шампион да ја заземе вкупната трета позиција во генералниот пласман.

Следната сезона Мартин ќе вози за Априлија, додека Бањаја и Марк Маркез заедно ќе возат за Дукати.

Последната трка требаше да се вози во Валенсија, но таа беше поместена поради поплави во тој шпански регион.

Би можело да ве интересира

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица