Зоран Ѓорчевски, дедо на убиената Вања, татко на Александар Ѓорчевски денеска сведочеше во скопскиот Кривичен суд. Тој зборуваше за денот кога исчезна Вања, и како се одвивала комуникацијата со семејството.
„Во постојан контакт сум со семејството. Се јавив да прашам како се. Ме известија дека ја нема Вања. Ние сме 40 години разведени. Го побарав Александар на телефон да ми каже, и тој ми рече дека ја нема Вања, не стигнала во училиште. Му понудив помош некако да се вклучам“ рече тој.
На прашање што побара Александар од него, сведокот рече „Да се јавам на мои пријатели да помогнат кој колку може. Се јавив кај деловен партнер дури и во Грција“.
На прашање дали го познава Гоце Трајковски, одговори потврдно.
„Да, ни сме семејно кумство. Знам дека Гоце учествувал во потрагата“.
Зоран Ѓорчевски рече дека Александар работел, иако имал прекини.
„Да, работеше, со прекини од 2-3 месеци, беше во Фершпед, Кометал, па повторно Фершпед. Кога се случи ова, не работеше никаде, се издржуваше со пензијата на мајка му, мојата пензија, помагавме“ рече тој.
Беше прашан и дали Александар имал долгови и зависност, на што одговори:
„Немаше долгови. Имаше зависност, но се излекува па стапи во брак. Немаше никакви проблеми, вообичаени во младоста, се излечи, па се ожени“.
И мајката на Александар, Иванка Ѓорчевска рече дека синот бил зависник од дрога, но дека тоа било успешно завршено.