Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска ќе го номинира активистот против вакцини Роберт Ф. Кенеди помладиот за секретар за здравство и социјална заштита.
Роберт Кенеди, внук на убиениот претседател Џон Ф. Кенеди, беше независен претседателски кандидат додека не се откажа од трката и застана зад Трамп.
Медиумите Кенеди го прикажуваат како антиваксер и е познат по низата контроверзни изјави за здравјето и причините за здравствените проблеми.
По победата на Трамп, тој рече дека никому нема да му ги одземе вакцините, туку дека ќе работи на нивната безбедност и ќе им дозволи на Американците сами да носат одлуки за здравјето.
„Безбедноста и здравјето на сите Американци се најважната улога на секоја администрација, а Министерството за здравство ќе игра голема улога во обезбедувањето дека сите се заштитени од штетните хемикалии, загадувачи, пестициди, фармацевтски производи и адитиви во храната кои придонеле за масовната здравствена криза во оваа земја. Тој ќе помогне Америка повторно да биде здрава“, рече Трамп во својот победнички говор на 6 ноември.