„Жените на Пучини“ на 19 ноември во Националната опера и балет во рамките на „Месец на Пучини“

Од:

На 19 ноември со почеток во 20.00 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи ексклузивен гала настан, насловен како „Жените на Пучини“, во рамките на проектот „Месец на Пучини“.

Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од големиот италијански композитор Џакомо Пучини. На ексклузивниот гала настан ќе настапат нашите оперски солистки: Весна Ѓиновска Илкова , Сандра Митровска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Александра Лазаревска Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, со пијано придружба: Андреј Наунов, режисер на настанот е Дејан Прошев.

Во исто време во фоајето е поставена изложба од богатата архива на Националната опера и балет, насловена како „Пучини низ историјата на МОБ“.

Како институција, имаме одговорност да ја негуваме уметноста и да ја пренесеме на идните генерации. Посветени сме да ја збогатиме културната сцена во земјата преку репертоар и настани прилагодени за сите возрасти.
Овој настан претставува кулминација на нашата годишна културна понуда и можност за дружење со уметниците и креативниот тим на Националната опера во извонредна атмосфера, се вели во соопштението од НОБ.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди вечер и на 2 ноември

Операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Национална опера и балет

Гала балетски концерт со најубавите балетски дела на 26 јуни

Kомеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците

Обнова на операта „Лидија од Македонија“

Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот Василица на 12. и 13. јануари