Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови

Од:

„Ќе дискутираме со ЕСМ и ќе направиме се што е во наша можност да нема поскапување на електричната енергија од следната година. Секако, тоа ќе зависи и од планот за производство на ЕСМ, но ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови“ изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Таа посочи дека цената по која во моментов ЕСМ ја снабдува ЕВН за крајните потрошувачи е 60 евра и, рече, „ако ги споредиме со реалните цени, тоа е многу пониско, што значи дека оваа Влада покажува интерес и се грижи за граѓаните“.

Увозот на струја наместо неделно, сега се прави на две недели и, како што рече, сега транспарентно се кажуваат цените.

– За жал, бидејќи хидрологијата е многу лоша, под 20 отсто се водните резерви и затоа се правеше увоз… Се надеваме и првиот блок (од РЕК Битола) да биде во работа од декември и дека тој увоз ќе биде многу мал односно ќе се обидеме да се произведат доволно мегават – часови за целото население, вели Божиновска.

Во однос на состојбата во РЕК Битола и какви се плановите со Комбинатот, министерката кажа дека минатата недела имала средба со новиот менаџмент и дека затекнатата состојбата била „катастрофална“.

– Лично видов што се случува таму, ми беше презентирана ситуацијата што тие ја наследија. Можам да кажам дека има многу аномалии и дека е катастрофална состојбата. Немало направено ремонти, има голем број на непотребна залиха и, најважно од се, механизацијата не била употребувана и квалитетот на јагленот е несоодветен, изјави Божиновска.

Рударскиот институт од Штип во соработка РЕК Битола направил проект со план како ќе се ископува јагленот и рече дека за кратко време има подобрување во работата на блоковите и затоа очекува да се обезбеди доволно количество енергија за претстојната зима.

– Одамна немаме видено од 17-тиот до 22-иот час, тоа се часови кога електричната енергија на берзите е многу скапа, во двата блока се произведува по 180 мегавати моќност, дури во минатиот викенд беше и 203 мегават-часови. Тоа значи е големо подобрување. А што се однесува до првиот блок кој не функционира, не бил направен ремонтот како што треба. Но овој менаџмент не увери дека ќе направат напори во декември да биде ставен на мрежа. Тоа значи да се зајакнат капацитетите и да се произведе максимум што е можно електрична енергија, додаде Божиновска.

Би можело да ве интересира

Божиновска: Ги поддржуваме иницијативите за зелени енергетски коридори и енергетско складирање

А1он

Божиновска: Набавката на јаглен сега ќе биде транспарентна

Во редици, со часови се чека за ваучерите за инвертер клими

Мицкоски до Спасовски: Божиновска е поголема Македонка од сите вас заедно

Катерина Ѓуровски

Божиновска тврди дека има само македонско и чешко државјанство и нема важечки бугарски документи

Изјавувам дека имам бугарска самосвест, напишала министерката Божиновска во 2004 објави БГНЕС

Катерина Ѓуровски