Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

Од:

Рубен Аморим на 11 ноември ќе ја преземе функцијата тренер на Манчестер Јунајтед, додека до тој момент ќе остане на чело на Спортинг Лисабон.

По вчерашниот натпревар против Амадора се отвори и откри како е постигнат договорот со „црвените ѓаволи“.

Со десет победи по исто толку кола, Аморим повеќе нема да го води Спортинг во домашното првенство, а има само уште еден предизвик во Лигата на шампионите, против Манчестер Сити.

По победата, Аморим ги сподели деталите од преговорите со Јунајтед, а неговото признание изненади многумина.

– Гарантирам дека ниту еден навивач на Спортинг не сакаше повеќе од мене да останам до крајот на сезоната, но тоа не беше можно. Кога бев контактиран од Јунајтед, веднаш ги прашав дали можам да дојдам на крајот на сезоната, но ми поставија ултиматум. Рекоа: „Или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш“. Морав брзо да одлучам, а бидејќи сакав само да одам во Јунајтед, ја прифатив нивната понуда – изјави Аморим, додавајќи:

– Имав бројни понуди неодамна, но единствената желба ми беше да го преземам Јунајтед. Велат отидов по пари, но тоа не е точно. Другите клубови ми нудеа тројна плата, но целта ми беше Манчестер Јунајтед – заклучи Аморим, кој на „Олд Трафорд“ ќе го наследи Ерик тен Хаг и ќе се обиде да ги исправи грешките што ги направи Холанѓанецот за време на неговото владеење.

Останува да видиме како ќе се снајде во оваа улога, каде фановите го гледаат како некој од кого имаат големи очекувања во иднина.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Јунајтед потроши 84 милиони евра на отпуштените менаџери

А1он

Тен Хаг доби отказ од Манчестер Јунајтед

А1он

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ