Млад фудбалер (21) и неговата девојка (20) починаа во несреќата во Нови Сад

Од:

Меѓу загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога се урна дел од настрешницата, се и 21-годишниот Милош Милосављевиќ и неговата 20-годишна девојка Анѓела Руман.

Милосављевиќ играше фудбал, а неговиот клуб Потисје со емотивна порака се прости од него и неговата девојка. Оваа порака ја објави клубот од Кничанин во Србија.

„Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (21) и неговата девојка Анѓела Руман (20) ги загубија животите во страшна несреќа во Нови Сад. Ќе го објавиме датумот и времето на комеморацијата и погребот во догледно време. Почивајте во мир, ангели, никогаш нема да бидете заборавени“, соопштија од клубот со заедничката фотографија на Милош и Анѓела.

Освен Милош и Анѓела, кога се урна дел од фасадата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа уште 12 лица, а има многу повредени.

Поради оваа трагедија во Србија веднаш беше прогласен ден на жалост.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Случајот со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад повторно во фаза на истрага

Горан Наумовски

Судот донесе одлука за обвинение за уривање на настрешница во Нови Сад

Продолжен притворот за десетмина осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

А1он

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски

Ја загуби ќерката при падот на настрешницата во Нови Сад, но смета дека „Ова не е начин да се дојде до правдата“

А1он