Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донираше 1 милион евра за помош на настраданите од поплавите

Од:

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид вечерва соопшти дека донирал 1 милион евра за помош на настраданите од поплавите во Шпанија.

Како што се наведува во соопштението на клубот од Мадрид, Фондацијата Реал и Црвениот крст денеска започнаа кампања за собирање средства за поддршка на настраданите од поплавите во Шпанија.

Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Шпанија денеска се искачи на најмалку 158, од кои 155 загинаа во регионот на Валенсија, соопштија властите.

Многу патишта се уште се затворени во Валенсија, а зградите и автомобилите се однесени од лизгање на земјиштето.

Во средата шпанската влада прогласи тридневна жалост за жртвите од поплавите.

Поплавите предизвикаа и големи прекини во железничкиот и воздушниот сообраќај низ јужниот и источниот дел на Шпанија, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

ВИДЕО: Во очекување на нови врнежи, Шпанија се бори со последиците од катастрофалните поплави

Катерина Ѓуровски

Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 155 лица

А1он

(ВИДЕО) Балканец е херој на поплавите во Валенсија

А1он